Новости од Франција

  • 27-та Конференција на амбасадорите и амбасадорките

    Амбасадорот учествува од вторник 27 до петок 30 август на 27-та Конференција на амбасадорите и амбасадорките на тема: „Справување со глобалните предизвици: француски и европски одговорности“.

    lire plus

  • Амбасадорите и амбасадорките ги посетија Префектурите на От-Гарон и на Окситани

    Во петокот на 30 август, амбасадорите ги посетија француските региони при што остварија средби со префектите, пратениците, главните јавни и приватни економски лидери и учествуваа на регионалните економски конференции во организација на новите институции како што се „Team France Export“, која ги обединува регионите, стопанските и индустриските комори, Business France и инвестициската банка „Bpifrance“.

    lire plus

  • Средба на г-ѓа Амели де Моншален со г. Никола Димитров (од Париз, 9 септември 2019 година)

    Изјава на портпаролот на француското Министерство за Европа и Надворешни работи, г-ѓа Ањес фон дер Мил, (Париз, 10 септември 2019 година)

    1 - Северна Македонија – Средба на г-ѓа Амели де Моншален со г. Никола Димитров (од Париз, 9 септември 2019 година)

    lire plus

  • Лет над Ла Манш

    Во недела на 4 август, Французинот Франки Запата, како што тоа го направи Луј Блерио во 1909 г. ги прелета 35 км што ги раздвојуваат Сангат во Франција и Дувр во Англија на својата летечка штица, „Флајборд“.

    lire plus

  • Преспа, како прибежиште на недопрената природа во срцето на Балканот

    Речиси педесет години, две езера на голема надморска височина останаа отсечени од светот, во корист на недопрената природа. Станува збор за преспанските езера, регионот каде што преку водата се среќаваат три земји (Северна Македонија, Грција и Албанија).

    lire plus

  • Протокол кон Северно-атлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија

    Записник од Министерскиот совет од 17 јули 2019 година, Протокол кон Северно-атлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија
    Министерот за Европа и надворешни работи го претстави нацрт-законот со кој се одобрува ратификација на Протоколот од Северно-атлантскиот договор за пристапување на Република Северна Македонија.

    lire plus

  • Средба на премиерите Филип и Заев во Познањ

    За време на Самитот за Западен Балкан во Познањ, премиерот Едуар Филип, придружуван од Државниот секретар за европски прашања, г-ѓа Амели де Моншален, оствари средба со Премиерот Зоран Заев, со Министерот за Надворешни работи Никола Димитров и со Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Бујар Османи.

    lire plus

  • Министрите Османи и Димитров, престојуваа во посета на Париз

    Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Бујар Османи и Министерот за Надворешни работи, г. Никола Димитров, во четвртокот на 6 јуни престојуваа во посета на Париз, при што остварија средба со Државниот секретар за Европски прашања, г-ѓа Амели де Моншален, како и со г. Клеман Бон, Советник за Европа и Г-20 на Претседателот Емануел Макрон.

    lire plus

  • Г-ѓа Радмила Шекеринска во посета на Париз

    Заменичката на Претседателот на Владата и Министерка за Одбрана, г-ѓа Радмила Шекеринска, во средата на 5 јуни престојуваше во посета на Париз, каде што учествуваше на конференција за европската иднина на Западен Балкан во организација на Фондацијата Жан-Жорес.

    lire plus

  • Првата меѓународна сесија за Западен Балкан, организирана од Институтот за високи студии по национална одбрана (ИХЕДН)

    Во понеделник, на 20 мај, амбасадорот ги прими членовите на македонската делегација кои беа поканети од Институтот за високи студии по национална одбрана (ИХЕДН) во Париз од 2 до 10 мај, на првата меѓународна сесија за Западен Балкан.

    lire plus

hautdepage