Новости од амбасадата
-
Конкурси за проекти
Во насока на промоција и интензивирање на врските помеѓу француските лаборатории и тие во земјите од централна и источна Европа, Министерството за високо образование, истражување и иновации на Франција, објавува два конкурси за проекти.
-
Започна уништувањето на гранатите
Амбасадата на Франција присуствуваше, во петокот, на 18 декември, на воениот полигон Криволак, на првото уништување на 1.600 гранати од Првата светска војна.
-
Последиците од Првата светска војна, еден век подоцна ...
Аташето за внатрешна безбедност, придружуван од првиот советник, ја посети Дирекцијата за заштита и спасување на Северна Македонија по откривањето на повеќе од 10.000 гранати од Првата светска војна во Битола.
-
Поамбициозни цели пред COP26
На 12 декември 2020, Самитот за климатски амбиции ќе ја одбележи петтата годишнина од COP21 и усвојувањето на Парискиот договор за климата. Пред одржувањето на овој голем настан, амбасадорот учествуваше на 8 декември на средбата организирана од британската амбасадорка, чијашто земја го има претседателството со COP 26. На средбата присуствуваа и италијанскиот амбасадор, шефот на Делегацијата на ЕУ, претставничката на ООН и министерот за Животна средина. Целта на оваа средба беше да се потсетиме на напредокот постигнат од 2015 година досега, но и да се стави акцент на новите обврски што треба да се усвојат за да се исполнат европските цели за неутралност во поглед на емисиите на јаглерод до 2050 година.
-
Скопје во сино по повод Меѓународниот ден на правата на детето
По повод Меѓународниот ден на правата на детето, амбасадата на Франција во Скопје во Северна Македонија и целото Скопје се осветлени во сино на 20 ноември.
-
Амбасадата на Франција обоена во портокалово по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените
По повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, амбасадата на Франција е обоена во портокалово на овој 25 ноември.
-
Франција, Велика Британија и Северна Македонија се обединија за климата
Во четвртокот на 5 ноември, првиот советник и амбасадорката на Обединетото Кралство, Велика Британија и Северна Ирска, Н.Е. г-ѓа Галовеј, остварија средба со Претседателот Пендаровски за да му предадат покана за учество на „Самитот на амбиции за климатските промени“, кој ќе се одржи на 12 декември.
-
Преку видео, откријте го подвигот на францускиот тим од „Roc aventure programme“
Додека ја очекуваме следната француско-македонска соработка во областа на планинарските спортови и качувањето, да се потсетиме на подвигот на францускиот тим од „Roc aventure programme“ кој овозможи отворање на најдолгата насока за качување во Северна Македонија.
-
Ангажирајте се !
Фондацијата „La France s’engage“ објави конкурс за меѓународна награда за 2021 година со цел да поддржи иновативни проекти со силно социјално влијание на тема „Моќта на жените да дејствуваат“.
-
Минута молк во чест на Самуел Пати
Во амбасадата на Франција во Скопје, знамињата се на половина копје оваа среда, 21 октомври, во чест на Самуел Пати, 47-годишниот професор убиен во терористичкиот напад во Конфлан-Сент-Онорин.
- page précédente
- page suivante
1-10 de 251