Северна Македонија
-
Комеморативна церемонија за одбележување на геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна
Во саботата на 1 август, амбасадорот, придружуван од првиот советник, присуствуваше на комеморативната церемонија за одбележување на геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна, организиран од Националниот ромски центар (НРЦ) од Куманово.
-
117-годишнината од Илинденското востание
Во недела, на 2 август Северна Македонија ја прослави 117-годишнината од Илинденското востание (првата република на Балканот) и 76-годишнината од првото антифашистичко народноослободително собрание (АСНОМ).
-
На здравје
Винарската визба „Тиквеш“ се вбројува меѓу најдобрите производители на вино на Балканот. Таа инвестираше и во Франција, во регионот Côtes du Rhône, каде што поседува свој успешно реновиран имот. Потврда за заслужено стекнатиот углед е освојувањето на четири златни медали за 2020 година на францускиот натпревар „Citadelles du vin“ што секоја година се одржува во Бордо.
-
Вебинар за еднаквост помеѓу жените и мажите
Во четвртокот на 25 јуни, амбасадорот, придружуван од аташето за соработка, г-ѓа Жили Маравал, заедно со раководителката на Канцеларијата на UN Women во Скопје, г-ѓа Весна Ивановиќ-Кастаред, го отвори вебинарот за дијалог меѓу младите во врска со прашањето за еднаквост помеѓу жените и мажите.
-
Акционен план за зачувување на пастрмката во Преспа
По завршувањето на повикот за проекти што заеднички, на почетокот од годината го објавија „Prespa Ohrid Nature Trust“ (PONT) и „Critical Ecosystem Partnership Fund“ (CEPF), ќе се спроведе акционен план за зачувување на пастрмката во Преспа, благодарение на грантот доделен на Балканската фондација за одржлив развој (БФСД) и на организацијата Еко-свест.