1948-2018: Хашкиот конгрес слави 70 години ! [fr] [sq]

На одбележувањето на 70-годишнината од Хашкиот конгрес, Амбасадата на Франција и Европското движење на Македонија организираа кафе дебата во Скопје

Амбасадата на Франција и Европското движење на Македонија го поканија да зборува г. Ив Бертончини, претседател на Европското движење на Франција, г. Бујар Османи, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Нано Ружин, поранешен македонски амбасадор во НАТО и ректор на Универзитетот ФОН и г. Мухамед Халили, поранешен македонски амбасадор во Брисел.

Во оваа пригода, амбасадорот ја охрабри Македонија да продолжи да напредува по патот кон европската интеграција, потсетувајќи дека при реализацијата на овој процес е потребна стрпливост.

publie le 21/05/2018

hautdepage