Во саботата на 30 ноември, Здружението на професори по француски јазик на Северна Македонија ја прослави својата 20-годишнина и Денот на професорите по француски јазик, што за прв пат се организираше низ целиот свет. Во програмата беа вклучени песни и театарски претстави, изведени од основци и средношколци кои учат француски од рана возраст.
Во оваа пригода, амбасадорот им честиташе на професорите и на учениците за нивната посветеност, истакнувајќи го подобрувањето на условите за реализација на наставата по француски јазик со отворањето на Центарот за универзитетски успех при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со акредитацијата на Француското Интернационално училиште во Скопје и преку двојазичните паралелки во средните училишта. Тој истакна дека француската Влада во моментов прави исклучителни финансиски напори во поглед на изучувањето на францускиот јазик во основните училишта.