25 октомври 2013 - Соопштение на постојаната мисија на Франција при Обединетите Нации [fr] [sq]

Њујорк, 25 октомври 2013

Денеска се одржа состанок меѓу претставниците на Грција и претставниците на Поранешната Југословенска Република на Македонија со Г. Нимиц, специјален претставник на Генералниот Секретар на Обединетите Нации за преговорите помеѓу двете странки.

Франција жали за ќор сокакот во кој се наоѓаат Поранешната Југословенска Република Македонија и Грција во преговорите за името на ПЈРМ, кој им штети на односите на добро соседство во регионот.

Француските власти ги подржуваат напорите кои ги прави Г. Нимиц во потрага по решение за прашањето за именувањето на ПЈРМ. Тие ценат дека взаемно прифатливо решение треба да биде најдено што побрзо, под водство на Обединетите Нации преку дијалог и компромис.

publie le 13/11/2013

hautdepage