27-та Конференција на амбасадорите и амбасадорките [fr] [sq]

Амбасадорот учествува од вторник 27 до петок 30 август на 27-та Конференција на амбасадорите и амбасадорките на тема: „Справување со глобалните предизвици: француски и европски одговорности“.

Конференцијата ја отвори Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во Елисејската палата. Околу 400 деловни лидери од цела Франција остварија одвоени средби со амбасадорите и амбасадорките, како и со тимот „Франс Експорт” и неговите партнери. Годишната средба на амбасадорите и амбасадорките што се одржува по 27 пат, претставува централен момент за француската дипломатија: таа е можност за највисоките француски власти да ги претстават ориентациите и приоритетите кои ќе бидат водилка на активностите на претставниците на Франција во странство и при меѓународните организации во текот на следната година.

publie le 19/09/2019

hautdepage