40-то издание на маѓународниот фестивал „Браќа Манаки“ [fr] [sq]

40-то издание на маѓународниот фестивал „Браќа Манаки“, најстарата меѓународна манифестација посветена на филмската камера, ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола. Фестивалот кој го носи своето име по пионерите на балканската кинематографија ќе му оддаде почит на француско-грчкиот кинематографер Јоргос Арванитис (bit.ly/YórgosArvanitis).

Во својата 45-годишна кариера, тој учествувал во повеќе од сто филмови, од Тео Ангелопулос, преку Жил Дасен и Марко Белокио, до Катрин Бреја. Во Битола, на 21 септември ќе му биде доделена Златна Камера 300 за животно дело. Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје ја поддржуваат реализацијата на овој настан.

JPEG

publie le 19/09/2019

hautdepage