45 години од земјотресот во Скопје

JPEG - 23.6 ko
26 juillet 1963, 5 heures 17

Париз

Во помошта што ја даде Франција, Париз беше еден од градовите кои учествуваа во тоа движење на меѓународна солидарност за жртвите на земјотресот што го опустоши Скопје на 26 јули 1963.

Во оваа пригода, комеморацијата на 45-та годишнина на овој трагичен настан и манифестацијата « Скопје, град на меѓународна солидарност », градот Париз сака да упати до македонскиот главен град порака на искрено и срдечно пријателство, за да солидарноста која е еден од париските приоритети, ја обележи трајно размената со Скопје.

Дижон

Градот Дижон (Регион Бургоњ, со 150,000 жители)ј води веќе неколку години активна политика во делна на меѓународни односи, имено со централна и источна Европа. Партнерствата кои резултираа во последните педесет години со градовите Клуж (Романија), Опол (Полска), Пекс (Унгарија) и Скопје (БЈРМ) дават свој голем придонес во таа насока.

Односите со Скопје, отпочнати во 1951 година резултираа со бројни размени во различни области: култура (изложби, спектакли, средби...), економијата (разни мисии и размени) или пак со угрентна помош (за време на земјотресот или приемот на бегалците).

Со своето присутство на 45 годишнината од земјотресот во Скопје и верен на својата традиција на отвореност и солидарност меѓу народите, градот Дижон би сакал денес да го реафирмира денес својот ангажман за својот збратимен град и да се ориентира кон воспоставување на програма за децентрализирана соработка врз основа на добрите практики меѓу двете локални единици.

Рубе

Господин Градоначалник,

Нашето збратимување е дамнешно а нашите заеднички точки бројни. Рубе и Скопје се два мултикултурни градови кои во европскиот проект ја согледуваат можноста да ги покажат нивните универзални вредности на почит и братство.

Од друга страна, ситуацијата на нашите градови, бо урбанистички аспект, бара од нас силни залагања за политика на урбана обнова, за да им овозможиме на нашите сограѓани оптимизирани услови на живот, истајнувајќи го притоа нашето наследство и архитектура.

Најзад, соочени сме со тешка економска ситуација, но нашата доброволна акција на повторен развој сведочи на нашата лојалност, без носталгија, за историскиот придонес на нашите респективни градови за богатството на регионите на кои тие припаѓаат.

Нашите градови збратимени од 1973 веќе неколку години активно соработуваат во областа на образованието. Бројни размени помеѓу средните училишта Бодлер и Орце Николов од Скопје со кои почнаве во 2006 година овозможија и збратимување на двете институции во март 2008 година.

Посакуваме тие размени да се зајакнат и да произлезе од нив активна соработка во други области, како економскиот, културниот развој кои се главни двигатели, како и на одржливиот развој.

Како и да е, граѓаните на Рубе ќе бидат со вас во мислите на 26 јули.

Во очекување на идни средби и со надеж заедно да отпочнеме интересни проекти, градот Рубе останува на ваше располагање и расположен да ги слушне вашите очекувања.

Примете ги , Господине Градоначални, изразите на мојата висока почит.

Г. Рене Вандиерндонк, Градоначалник на Рубе

publie le 07/04/2012

hautdepage