50 години германско-француски договор за пријателство – Обновена релација помеѓу уметноста за компромис и конкретни проекти [fr] [sq]

Внимателните набљудувачи на нашите две земји често пати констатираат дека Германците и Французите се многу, многу различни. Тоа важи за скоро сите области во нашите општества: историја, традиции, култура, јазик и, се разбира, и начинот на кој се води политиката во нашите земји.
Гудрун Штајнакер и Лорен Ауер - JPEG
Од тие причини, Елисејкиот Договор, чија 50-та годишнина заедно ја прославуваме годинава, беше и е настан со фундаментално значење во помладата историја на Германија и Франција. Благодарение на храбрата решителност на политичарите со визија, но и благодарение на ангажманот на голем број луѓе во Франција и Германија, Владите на двете земји успеаа да ги надминат непријателството и меѓусебната недоверба кои владееле со векови и да ја создадат основата за соработка од доверба помеѓу нашите Влади и за разбирањето меѓу нашите народи.

Претседателот де Гол и Сојузниот канцелар Аденауер беа свесни дека тоа нема да се случува само по себе. Затоа Елисејскиот Договор не е само договор за пријателство со симболични декларативни изјави, туку тој претставуваше импулс за сите инструменти кои оттогаш ги поврзуваат нашите Влади и луѓето во нашите две земји и ги обврзува за перманентен дијалог: затоа и воспоставувањето на Германско-француската канцеларија за млади, затоа интензивната поддршка за партнерства меѓу градовите, затоа основањето на заедничката телевизија АРТЕ, основањето на заеднички студиски програми и претпријатија. Оттаму и обврската за нашите две Влади и установите во нивниот состав за редовни заеднички средби.

Елисејскиот Договор можеби го даде најважниот придонес за европското обединување; без германско-француското зближување тоа не би било можно. Германија и Франција и денес се центарот на ова обединување, тие се моторот на овој развој. Централната улога ги обврзува нашите две држави да ги придобива перманентно нашите партнери во ЕУ и да се грижи за тоа ЕУ да им служи на сите. Франција и Германија можат да одговорат на оваа позитивна и интегративна улога само ако застапуваат заедничка позиција. Со оглед на опишаните разлики на нашите два народа, заеднички позиции не се подразбираат, туку често пати тие се резултат на компромиси. Често се водат мачни и долги преговори со различни ставови и со мошне различни интереси. Компромисите се силата на германско-француската соработка и тие ги прваат нашите односи одржливи – во служба на Европа.

Секако дека Германија и Франција имаат важна задача и при македонското приближување кон Европската Унија. Германско-француското пријателство покажува дека надминувањето на предрасудите е можно и дека дијалогот и меѓусебното почитување на историјата, традициите, културата и јазикот на другиот претставува плоден развој за сите.

За нашата земја домаќин и за регионот си посакуваме, нашето германско-француското искуство кое се основа на заедничка политичка воља, да може да биде корисно.

publie le 15/02/2013

hautdepage