70-годишнината од Советот на Европа [fr] [sq]

Амбасадорот и потпретседателката на францускиот Сенат, г-ѓа Елен Конве-Муре, ја отвориja панел – дискусијата по повод одбележувањето на 70-годишнината од Советот на Европа во Собранието на Република Северна Македонија на тема „Подобрување на пристапот до надомест за жртви на трговија со луѓе и родово базирано насилство“.

На настанот, со кој претседаваше пратеничката Даниела Рангелова, претседателка на парламентарната Комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите, учествуваа пратеници, министри, како и меѓународни експерти и претставници на граѓанското општество. Во време кога Северна Македонија треба да донесе закон за обештетување на жртвите од родово базирано насилство, оваа панел-дискусија ја подига свеста за важноста од тоа државата да ги надомести жртвите на насилство и да даде препораки за дејствување. Амбасадорот потсети дека родовата еднаквост за Франција е еден од приоритетите на сегашното претседателство со Советот на Европа. Франција сака уште повеќе да ја зацврсти улогата на моралната свест во рамките на Европската унија.

publie le 07/11/2019

hautdepage