76-годишнината од депортацијата на македонските Евреи [fr] [sq]

Во понеделник на 11 март, амбасадорот положи венец на споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи, во близина на поранешната фабрика за тутун во Скопје, од која еврејската заедница беше депортирана во Треблинка.

Во понеделник на 11 март, Скопје ја одбележа 76-годишнината од депортацијата на македонските Евреи, во присуство на Министерот за Надворешни работи Никола Димитров и на голем број видни израелски личности, како и на дипломатскиот кор. Неколку настани беа организирани од Еврејската заедница и Фондот за Холокауст.

Во оваа прилика, амбасадорот положи венец на споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи, во близина на поранешната фабрика за тутун во Скопје, од која еврејската заедница беше депортирана во Треблинка. Присутна беше и француската Фондација за сеќавање на холокаустот, наш партнер при голем број комеморативни свечености и наставни активности. Нашиот почесен конзул нè претставуваше во Битола на оваа иста комеморација.

publie le 14/03/2019

hautdepage