9-та едиција на Балканскиот саем на книгата [fr] [sq]

Балканскиот саем на книгата ќе се одржи по деветти пат на 12 и 13 април во Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз. Овој саем на книгата, единствен од ваков вид во Франција, има за цел да го презентира Балканот на еден поинаков начин, преку елементите коишто им се заеднички за културите на различните земји.

JPEG

Во текот на тие два дена, ќе бидат организирани конференции и тркалезни маси на книжевни тематики. Во сабота на 13 април во 16:00 часот, ќе се одржи книжевна средба на тема „Патување во два правци, од Париз до Балканот" во присуство на Луан Старова за „Париз на Омер Калеши".

publie le 08/04/2019

hautdepage