Амбасадорите и амбасадорките ги посетија Префектурите на От-Гарон и на Окситани [fr] [sq]

Во петокот на 30 август, амбасадорите ги посетија француските региони при што остварија средби со префектите, пратениците, главните јавни и приватни економски лидери и учествуваа на регионалните економски конференции во организација на новите институции како што се „Team France Export“, која ги обединува регионите, стопанските и индустриските комори, Business France и инвестициската банка „Bpifrance“.

Што се однесува до Северна Македонија, амбасадорот Тимоние ги покани универзитетите и училиштата на регионот Окситанија да дојдат на универзитетскиот саем што го организира Кампус Франс во Скопје за да воспостават контакти со македонските експерти од областа на биоинформатиката.

publie le 11/09/2019

hautdepage