Амбасадорот го посети Државниот архив на Северна Македонија [fr] [sq]

Во четвртокот на 12 септември, амбасадорот го посети Државниот архив на Северна Македонија и оствари средба со неговиот директор, г-дин Емил Крстески, кој го информираше за прашања поврзани со зачувувањето на ова наследство, вклучително и дигитализацијата на документите.

Идната посета на директорот на Меѓународниот совет за архиви во Париз ќе биде можност за обновување на билатералната соработка меѓу Франција и Северна Македонија преку посети на институциите кои пројавуваат интерес, особено преку публикации и размени во врска со историјата на двете земји. При својата посета, амбасадорот виде дел од документите што се чуваат во богатите збирки на оваа институција.

publie le 20/09/2019

hautdepage