Амбасадорот го посети Лозово [fr] [sq]

Во неделата на 27 октомври, амбасадорот го посети Лозово, на покана на претставниците на општината за празникот Света Петка и по повод осветувањето на новата црква. Тој оствари средба со градоначалникот г. Ацо Велковски и учествуваше во активностите организирани во таа пригода.

Амбасадорот, исто така, се сретна со г-ѓа Светлана Стојкова, многу активна професорка по француски јазик, особено вклучена во Еразмус размените. Општината Лозово е горда на својата македонска Ајфелова кула, на лозарството и на големиот број франкофонски активности. Следниот проект е патување во Гвадалуп заедно со грчки ученици. Франкофонијата во акција!

publie le 03/11/2019

hautdepage