Амбасадорот го посети седиштето на ДУИ [fr] [sq]

Во рамките на својот прв престој во Тетово, амбасадорот го посети седиштето на ДУИ, каде што оствари средба со нејзиниот претседател, г. Али Ахмети.

JPEGВо рамките на својот прв престој во Тетово, амбасадорот го посети седиштето на ДУИ (Демократската унија за интеграција, партија од владејачкото мнозинство), каде што оствари средба со нејзиниот претседател, г. Али Ахмети. Исцрпниот разговор се фокусираше на институционалната и политичката состојба во Северна Македонија, нејзината агенда за внатрешни реформи, нејзините европски перспективи, како и регионалната состојба и подготвеноста да се одржи отворен билатерален дијалог на овие различни теми.

publie le 21/12/2020

hautdepage