Амбасадорот го посети училиштето „Реџе Рушит Зајази“ во Зајас [fr] [sq]

На 6 декември, амбасадорот го посети училиштето „Реџе Рушит Зајази“ во Зајас (општина Кичево). Во таа пригода, се разговараше за соработката со Францускиот Институт во Скопје и Француската Алијанса во Тетово, за наставата по француски јазик, како и за интензивирање на активностите поврзани со француската култура.

Амбасадорот присуствуваше на ревија песни, француски шансони и традиционални фолклорни изведби, подготвени од учениците на ова училиште и нивната извонредна професорка по француски јазик, г-ѓа Фатмире Далипи. Амбасадорот во своето обраќање му се заблагодари за овој пријатен пречек на директорот г. Насер Исмаили, на вработените во училиштето, наставниците, учениците, општинските советници и присутните родители, укажувајќи на тоа дека европската перспектива на младите во целата земја е засилена со изучувањето на францускиот јазик. На крајот, тој заигра оро заедно со учениците и нивните наставници.

publie le 17/12/2019

hautdepage