Амбасадорот го прими претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), г. Мендух Тачи [fr] [sq]

Во понеделникот на 3 август, амбасадорот на негово барање го прими претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), г. Мендух Тачи.

На средбата тие разговараа за актуелните случувања во Северна Македонија и регионот, за исходот од предвремените парламентарни избори од 15 јули, како и за развојот на настаните во врска со формирањето на новата влада. За таа цел, амбасадорот повика да се даде приоритет при долгоочекуваното формирање на новата влада, на ефикасна и брза подготовка на следните чекори што треба да ги направи Северна Македонија на нејзиниот пат кон европската интеграција. Соговорниците се согласија дека треба да се даде максимален придонес за забрзување на реформите што ги бара ЕУ.

JPEG

publie le 06/08/2020

hautdepage