Амбасадорот и градоначалникот на Гази Баба го посетија бистрото на FAME’S [fr] [sq]

FAME’S e компанија основана од млади француски претприемачи. Таа повеќе од десет години создава музика за европски, американски и азиски филмови, со македонски музичари. За да го развијат својот проект, тие одбрале да инвестираат во Скопје, градејќи во 2016 г. ново студио со уникатни акустични квалитети, но и да придонесат за македонскиот културен живот.

Во рамките на извонредното партнерство со општината Гази Баба, во зградата се сместени општинскиот културен центар, студиото, канцелариите на компанијата и новиот гастрономски бисер кој нуди мени инспирирано од француската кујна, по разумни цени. Амбасадорот и градоначалникот на Гази Баба го посетија бистрото на FAME’S, оддавајќи ѝ признание на оваа исклучителна иницијатива која ги комбинира културата и бизнисот.

publie le 12/07/2019

hautdepage