Амбасадорот ја посети невладината организација активна во областа на животната средина „Еко герила“ [fr] [sq]

Во рамките на престојот во Тетово, во петокот на 20 септември, амбасадорот ја посети невладината организација активна во областа на животната средина „Еко герила“ и оствари средба со претседателот Аријанит Џафери и неговите колеги. На средбата, тие се осврнаа на различните еколошки предизвици, особено за тетовскиот и шарскиот регион, како и за можните пристапи и решенија за надминување на различните проблеми што ги загрижуваат граѓаните, како проблемите со зголемувањето на бројот на мали хидроцентрали во регионот.

Амбасадорот изрази поддршка за реалниот напредок во областа на животната средина во рамките на европската интеграција на земјата. Во оваа прилика беа споменати можностите за соработка во контекст на активностите на Француската агенција за развој во Северна Македонија.

publie le 27/09/2019

hautdepage