Амбасадорот ја посети општина Битола [fr] [sq]

Во петокот на 27 септември, амбасадорот оствари средба во Битола со градоначалничката Наташа Петровска на којашто тие разговараа за билатерални проекти за соработка од различни области, вклучувајќи ја и животната средина, во перспектива на претстојните активности на Француската агенција за развој во Западен Балкан. Тој го посети средното училиште „Јосип Броз Тито“, за да го поздрави меморандумот за соработка потпишан со Француската Алијанса во Битола, како и мотивираноста на средношколците франкофони што се вратија од Епинал и посветеноста на професорите на промоцијата на францускиот јазик.

Тој, исто така, ја отвори обележаната патека на влезот во Националниот парк Пелистер, така што информациите за фауната, флората и историјата ќе бидат достапни на француски јазик. Амбасадорот, исто така, ги посети француските воени гробишта од Првата светска војна, заедно со Националното здружение за сеќавање на Дарданелите и Источните фронтови. Во оваа пригода, тој беше во можност да потсети на неговата поддршка за продолжување на конференциите на историчарите што секоја година во мај се одржуваат во Битола.

publie le 05/10/2019

hautdepage