Амбасадорот на Франција во посета на Дебар [fr]

Во рамките на својата посета на Дебар, амбасадорот на Франција беше во манастирот "Свети Јован Бигорски".

Во рамките на својата посета на Дебар, амбасадорот на Франција беше во манастирот "Свети Јован Бигорски". Основан во единаесеттиот век, овој манастирски комплекс е посветен на Свети Јован Крстител, но името го добива по варовникот (бигор) што се користел за изградба на неговите згради. Сместен е во густа шума, под врвот Меденица, на 2.163 м. надморска висина. Целината се состои од високи згради изградени околу црквата Свети Јован Крстител, која е главната црква на комплексот.

publie le 05/05/2017

hautdepage