Амбасадорот на Франција во посета на Марков манастир [fr]

Амбасадорот на Франција го посети Марков Манастир, сместен јужно од селото Маркова Сушица

Амбасадорот на Франција го посети Марков Манастир, сместен јужно од селото Маркова Сушица. Основан во 14 век, тој бил еден од малкуте христијански објекти зачувани за време на освојувањето на Скопје од страна на Османлиите во 1392 година. Манастирот е изграден од камен, со украсни тули, а во неговата внатрешност се наоѓаат прекрасни живописни фрески. Манстирот е активен и во денешно време и во него суштествува женско монашко сестринство. При средбата со игуманијата на манастирот, сестра Илијана, амбасадорот разговараше за можноста да се помогне и поддржи овој манастир.

JPEG

publie le 05/05/2017

hautdepage