Амбасадорот на Русија ги посети француските воени гробишта [fr] [sq]

Во четвртокот, на 20 декември, амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Г. Сергеј Баздникин ги посети француските воени гробишта во Скопје.

Оваа година, кога ја одбележуваме Стогодишнината од Примирјето од 1918 година, амбасадорите ја поздравија храброста на 3.000 војници кои загинале за Франција и ја посетија Спомен-куќата отворена во мај оваа година, чијшто музејски простор е посветен на настаните од Македонскиот фронт. Амбасадата на Русија учествуваше на овој настан, како и при создавањето на музејскиот простор подарувајќи француски шлем, кој бил дел од опремата испорачана во 1914 година на нашиот руски сојузник. Амбасадорот Баздникин се потпиша во книгата на спомените изразувајќи надеж дека заедно ќе можеме да одбегнеме повторно да се случуваат трагични настани како во минатото.

publie le 27/12/2018

hautdepage