Амбасадорот оствари средба со Советот на амбасадори [fr] [sq]

Во вторникот на 6 октомври, амбасадорот оствари средба со претседателот на Советот на амбасадори, г. Љупчо Арсовски, како и со поранешните амбасадори Мухамед Халили и Тихомир Илиевски.

Во вторникот на 6 октомври, амбасадорот оствари средба со претседателот на Советот на амбасадори, г. Љупчо Арсовски, како и со поранешните амбасадори Мухамед Халили и Тихомир Илиевски. Средбата беше можност да се разговара за патот кон Европската унија за време на мандатот на амбасадорот, како и за новите хоризонти што се отвораат пред Северна Македонија, во рамките на следната меѓувладина конференција. Амбасадорот потсети на сериозната посветеност на Франција во таа насока и зборуваше за континуитетот на билатералната соработка. Советот на амбасадори во оваа пригода му врачи благодарница на амбасадорот на Франција за неговиот личен и професионален ангажман во Северна Македонија.

publie le 09/10/2020

hautdepage