Амбасадорот оствари средба со директорот и главен уредник на „Битолски весник“ [fr] [sq]

При својот престој во Битола, амбасадорот оствари средба со директорот и главен уредник на „Битолски весник“, г. Менде Младеновски.

При својот престој во Битола, амбасадорот оствари средба со директорот и главен уредник на „Битолски весник“, г. Менде Младеновски (тираж 2000 примероци и портал), соговорник и долгогодишен партнер на нашата амбасада. Средбата беше можност да се разговара за актуелните тешкотии со кои се соочува локалниот печат и поддршката што ја очекува од надлежните органи за да се гарантира слободата и разновидноста на информациите, што е клучен елемент за европската интеграција на земјата. „Битолски весник“, основан во 1964 година, зазема важно место во медиумскиот пејзаж на Северна Македонија.

publie le 20/10/2020

hautdepage