Амбасадорот оствари средба со француските волонтери од НВО „ЛОЈА“ и Француската Алијанса во Тетово [fr] [sq]

Во рамките на посетата на Тетово, амбасадорот оствари средба со француските волонтери од невладината организација „ЛОЈА“ специјализирана за меѓукултурен дијалог и Француската Алијанса во Тетово, како и со директорите на овие институции, и здружението ЛГБТ Јунајтед, партнер на нашата амбасада.

JPEG

Амбасадорот во оваа пригода, на заеднички работен ручек, разговараше со нив за предизвиците со коишто се соочува граѓанското општество во овој град и го поздрави присуството на нашите волонтери, како конкретен показател за францускиот интерес за регионот и придонес за взаемно запознавање на младите од двете земји. Тој ги поздрави квалитетните активности реализирани од страна на овие локални институции, изразувајќи ја притоа повторно својата доверба и поддршка кон секогаш динамичното раководство на Француската Алијанса.

publie le 22/12/2019

hautdepage