Амбасадорот оствари средба со г. Божидар Ночев, архитект и потпретседател на асоцијацијата „Франкофонски круг“ од Скопје [fr] [sq]

Во понеделникот на 2 март, амбасадорот оствари средба со г. Божидар Ночев, архитект и потпретседател на асоцијацијата „Франкофонски круг“ од Скопје. Г. Ночев го претстави својот план за обнова на Богородичната црква во Париз по пожарот од 15 април.

Овој проект е инспириран од формата на шишарката и врската помеѓу земјата и небото, како симбол на повторното раѓање. Неговиот проект е одбран меѓу 10-те најдобри проекти примени од целиот свет. Амбасадорот срдечно му се заблагодари на господинот Ночев за неговите напори кои се одраз на пријателството и солидарноста меѓу двете држави.

JPEG
JPEG

publie le 24/03/2020

hautdepage