Амбасадорот оствари средба со г. Милазим Мустафа, заменик претседател на Судскиот совет [fr] [sq]

Во четвртокот на 15 октомври, амбасадорот оствари проштална средба во резиденцијата, со г. Милазим Мустафа, заменик претседател на Судскиот совет.

JPEGВо четвртокот на 15 октомври, амбасадорот оствари проштална средба во резиденцијата, со г. Милазим Мустафа, заменик претседател на Судскиот совет. Во оваа прилика, тие се осврнаа на повеќе теми во врска со улогата на Судскиот совет, тековните реформи во судството, неопходната консолидација на владеењето на правото на патот кон Европската унија и реализацијата на соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и француската Национална школа за судии и јавни обвинители. Г. Мустафа изрази благодарност кон амбасадорот и амбасадата на Франција за поддршката и во оваа пригода му врачи благодарница, посакувајќи му успех во неговите професионални активности.

publie le 19/10/2020

hautdepage