Амбасадорот оствари средба со министерот Музафер Бајрам [fr] [sq]

Во средата на 4 септември, амбасадорот оствари средба со Министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, г. Музафер Бајрам. Тие разговараа за спроведувањето на приоритетните активности за промовирање на социо-економската интеграција на Ромите во Северна Македонија, како што се домувањето и граѓанскиот статус.

Франција, пред сè преку Француската агенција за развој, сака да ги поддржи ваквите активности, особено во однос на родовата еднаквост и со интерес ќе ги разгледа предлозите што ќе бидат дадени во рамките на активностите на Агенцијата во Северна Македонија, како составен дел од Француската стратегија за Балканот, што ја најави Претседателот Макрон.

publie le 10/09/2019

hautdepage