Продолжување на реформите по патот кон европската интеграција: приоритет за Николовски [fr] [sq]

Во петокот, на 25 септември, амбасадорот оствари средба со заменикот на Претседателот на Владата одговорен за за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, г. Љупчо Николовски.

Во петокот, на 25 септември, амбасадорот оствари средба со заменикот на Претседателот на Владата одговорен за за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, г. Љупчо Николовски. Во оваа пригода, соговорниците се согласија дека треба да се даде максимален придонес за забрзување на реформите што ги бара ЕУ. Амбасадорот му посака успех на вицепремиерот Николовски на неговата нова функција, додека г. Николовски ѝ се заблагодари на Франција за постојаната поддршка во рамките на процесот на евроинтеграција, истакнувајќи ја волјата на македонските власти да го задржат курсот за продолжување на реформите по патот кон европската интеграција.

publie le 30/09/2020

hautdepage