Амбасадорот оствари средби со г. Али Ахмети и г. Мендух Тачи [fr] [sq]

Во вторникот на 17 декември во Тетово, амбасадорот оствари средби со претседателите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и на Демократската партија на Албанците (ДПА), (владино мнозинство), г. Али Ахмети и г. Мендух Тачи.

Средбите беа можност тие да разговараат за актуелните состојби во овие две партии, особено во перспектива на предвремените парламентарни избори во 2020 година, за консолидацијата на судскиот систем, за реформата на изборниот модел и состојбата во регионот. Претседателот Ахмети ги претстави планираните реформи во неговата партија во рамките на конгресот што ќе се одржи на 21 декември оваа година.

publie le 22/12/2019

hautdepage