Амбасадорот престојуваше во општините Ново Село и Струмица [fr] [sq]

Во понеделникот на 9 јули, амбасадорот престојуваше во општините Ново Село и Струмица. Тој најнапред ги посети царинските службеници на граничниот премин Ново Село, а потоа се сретна со градоначалникот на Ново Село, г. Никола Андонов. Потоа замина за Струмица на средба со градоначалникот Коста Јаневски, како и со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, г. Александар Донев.

Со своите соговорници, амбасадорот разговараше за актуелната политичка состојба, за европските перспективи на Северна Македонија, како и за локалните предизвици со кои се соочуваат овие две општини. Неговиот престој заврши со посета на православниот женски манастир посветен на Богородица Елеуса, сместен во селото Вељуса.

publie le 12/07/2019

hautdepage