Амбасадорот се сретна со заменикот на Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, г. Бујар Османи [fr] [sq]

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, г. Бујар Османи, го прими амбасадорот на 22 јули на разговори за резултатите од парламентарните избори од 15 овој месец, како и за заклучоците од Европскиот совет кога беше направен нов исчекор и во Западен Балкан во периодот 2021 - 2027 година.

За таа цел, амбасадорот повика да се даде приоритет при формирањето на новата влада, на ефикасна и брза подготовка на следните чекори што треба да ги направи Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, за што има јасна поддршка, вклучително и за неопходните реформи во таа насока, од речиси сите партии и гласачи.

publie le 23/07/2020

hautdepage