Ана Чоловиќ Лешоска ја доби наградата Голдман за 2019 година [fr] [sq]

Македонскиот биолог Ана Чоловиќ Лешоска, претседателка на здружението ЕКО-СВЕСТ, ја доби наградата Голдман за 2019 година, меѓународна награда што се доделува на активисти кои се борат за заштита на животната средина.

Г-ѓа Чоловиќ Лешоска спроведе кампања за подигање на свеста во период од седум години за да се спречи изградбата на две хидроцентрали кои претставувале закана за биолошката разновидност на Националниот парк Маврово. Кампањата резултираше со повлекување на меѓународното финансирање на овие енергетски проекти и на тој начин беа спасени четириесетина балкански рисови кои сè уште живеат во тој парк. За 30 години, првпат една македонска НВО ја добива оваа „Нобелова награда за животна средина”, што претставува охрабрување со оглед на многуте други битки кои треба да се извојуваат. #GoldmanPrize30

publie le 02/06/2019

hautdepage