Бугарски иницијативи за Европа [fr] [sq]

Бугарскиот амбасадор Иван Великов Петков ги претстави пред Комисијата за европски прашања, пред пратениците и претставниците на дипломатскиот кор, приоритетите на бугарското претседателство со Европската унија.

Во оваа пригода се обратија и Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Министерот за надворешни работи, Шефот на Делегацијата на Европската унија и претставници на двете најголеми партии од мнозинството, во отсуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Бугарското претседателство ја изрази својата заложба за придвижување на Западен Балкан на патот на европската интеграција, додека Шефот на Делегацијата на Европската унија ја истакна потребата да се спроведат конкретните приоритетни реформи во духот на единството и националниот интерес.

publie le 18/01/2018

hautdepage