Честитки за Маја Чанаќевиќ, Витез од редот на Уметностите и Книжевностите [fr] [sq]

На приемот организиран во резиденцијата на Франција во средата, на 10 октомври, амбасадорот ја одликува госпоѓа Маја Чанаќевиќ со орден Витез од редот на Уметностите и Книжевностите.

Тоа е едно од највисоките одликувања на Република Франција што им се доделува на оние кои се истакнуваат со своето уметничко или книжевно творештво или со придонесот што го направиле за влијанието на уметностите и книжевностите во Франција и во светот.

Во текот на нејзината кариера како обоист и директор на Филхармонијата, г-ѓа Чанаќевиќ работеше на што подобро запознавање и поголемо присуство на француската музика во Македонија. Како исклучителна личност и голем авторитет во областа на музиката на овие простори, таа преку своите програмски решенија, соработката со француските солисти и нејзината приврзаност кон Франција, даде значајна поддршка кон приближувањето и ширењето на француската култура во Македонија.

publie le 12/10/2018

hautdepage