Церемонија им доделија дипломи на учесниците од петтата генерација (2007) од програмата ВАО (Висока Административна Обука) [sq]

- Директорот на Агенцијата за Државни службеници, Г. Александар Гештаковски и Амбасадорот на Франција во Скопје, Г. Бернард Валеро денеска на пригодна церемонија им доделија дипломи на учесниците од петтата генерација (2007) од програмата ВАО (Висока Административна Обука) и ја инаугирираа новата генерација 2008 која отпочнува со циклусот обуки.

- Амбасадорот на Франција беше среќен заради продолжувањето и интенсификацијата на оваа соработка во служба на професионализацијата и европеизацијата на македонската јавна администрација.

- Тој истакна дека оваа заедничка акција се разви во 2002 година и до денес низ оваа програма поминале повеќе од 120 македонски државни службеници.
JPEG
- Програмата на обуки се протега на една година и се состои од обука во Скопје од страна на македонски и француски профестори и специјалисти, и од неколку неделна обука во Националната Школа за Администрација (НША) во Париз.

- Амбасадорот им честиташе на дипломираните од генерацијата 2007 и ги охрабри тие од генерацијата 2008 за да го извлечат најдоброто од оваа обука.
Тој истакна дека предавањата и размената на искуства за 2008 ќе бидат поседно одбележани од европските работи, што се должи на идното француско претседавање со Европската Унија.

- Директорот на Агенијата за Државни Службеници и Амбасадорот на Франција се договорија да ја зајакнат оваа соработка и да ја стават во служба на модерна, професионална, незавизна и европски ориентирана македонска администрација
JPEG

publie le 08/04/2012

hautdepage