Церемонија на Француските воени гробишта во Битола [fr] [sq]

Во рамките на одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, свечено беше отворен меморијалниот комплекс на Француските воени гробишта во Битола, во присуство на госпоѓата министер Женевиев Дариесек, Државен секретар при Министерството на Вооружените сили на Франција и госпоѓата Радмила Шекеринска, Заменичка на Претседателот на Владата и Министерка за Одбрана, на градоначалниците на Битола и на Новаци, како и на претставници на регионот Нормандија.

Во четвртокот, на 31 мај, аташеата за одбрана акредитирани во Скопје, присуствуваа на свеченоста заедно со претставниците на ветераните. Меморијалниот комплекс е посветен на француските војници кои се бореле на Македонскиот фронт, како и на локалното население кое претрпело сериозни страдања во борбите поради што и градот Битола го нарекуваат "Верден на Балканот". Сместен на Француските воени гробишта кои во Битола постојат од крајот на Првата светска војна, овој нов музејски простор, дизајниран во соработка со Меморијалниот центар во Каен и изграден од амбасадата, со поддршка на Министерството за Одбрана, претставува дел од проектот за историска маршрута помеѓу Солун и Белград. Тоа е овозможено благодарение на вредните и импресивни материјални наоди од овој период (ровови, засолништа, планински патишта), а со поддршка и соработка помеѓу локалните власти на двете земји, во рамките на македонската агенда за Годината на европското наследство (bit.ly/2Jkizhf).

Комисија за одбележување на стогодишнината 14-18 : www.centenaire.org
Мемориалот на Кан

publie le 05/06/2018

hautdepage