Церемонија на Француските воени гробишта во Скопје по повод стогодишнината од пробивањето на Македонскиот фронт [fr] [sq]

Во среда 30 мај, на Француските воени гробишта во Скопје, амбасадата ја одбележа стогодишнината од пробивањето на Македонскиот фронт и им оддаде почит на загинатите француските војници во Првата светска војна.

На овие гробишта почиваат повеќе од 3.000 војници кои загинале за Франција. Во таа пригода, свечено беше отворена Спомен-куќа и музеј посветена на историјата на овој фронт, во присуство на амбасадорот, на заменик-министерот за одбрана, г-дин Беким Максути, на г-дин Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, г-ѓа Мирјам Ашари, директор за историско наследство и архиви при министерството за Вооружени сили на Франција, г-ѓа Елеонора Петрова-Митевска, директор на Управа за заштита на културното наследство, претставници на здруженија на ветерани (Souvenir français, Комисијата за одбележување на Стогодишнината од Првата светска војна), како и потомци на војниците што се бореле на Македонскиот фронт. Амбасадите на Русија и на Србија учествуваа на овој настан, како и при создавањето на музејскиот простор во кој се изложени портрети на генерали, историски предмети, фотографии, медали, стари списанија, разгледници и детални воени презентации. Поставката ја реализираше г-дин Жан-Пјер Верне, креатор на Музејот за Големата војна во градот Мо, во Франција. Руската амбасада подари француски шлем, кој бил дел од опремата испорачана во 1914 година на нашиот руски сојузник. По говорите на амбасадорот и на градоначалникот на Скопје, генералот Ирасторза, г-ѓа Ашари и заменик-министерот Максути, заедно со потомците на борци од Македонскиот фронт, засадија две садници во спомен на загинатите.

Комисијата за одбележување на Стогодишнината од Првата светска војна 14-18 : www.centenaire.org
Музејот за Големата војна во градот Моux
Le Souvenir Français - официално

publie le 05/06/2018

hautdepage