Церемонија по повод 50 годиншнината од земјотресот во Скопје 1963-2013 [fr]

По повод 50 годишнината и комеморацијата на катастрофата по земјотресот кој го разурна поголемиот дел од градот Скопје и околината наутро на 26 јули 1963, бројни манифестации се одржуваат денес на 26 јули 2013.

Француската Амбасада, претставена од страна на Гѓа Карен Роше, Привремен Вршител на Должност заедно со делегација од Рубе, збратимен град со Скопје, предводена од Г. Андре Ренар, Советник во општина, учествуваа на комеморацијата организирана од страна на градот Скопје на гробиштата во Бутел и положија венец.

И градот Дижон, истотака збратимен со Скопје, сакаше да учествува во комеморацијата преку писмо напишано од Сенаторот и Градоначалник на Дижон, Г. Франсуа Ребсамен, адресирано до Градоначалникот на Скопје, Г. Коце Трајановски, преку кое им оддава почит на многуте жртви на земјотресо. Истото може да го прочитате подолу.

Град Дижон
Палата на Бурговските држави

Градоначалник и
Сенатор на Кот-Д-Ор
Дижон, 24 јули 2013г.

Господине Градоначалник, Драг колега,

По повод педесетгодишнината од скопскиот земјотрес, кој предизвика голем број на разрушувања и страдања на 26 јули 1963г. во градот Скопје, сакам да Ви упатам порака на пријателство и солидарност од градот Дижон.

Дижон, кој е збратимен со Скопје од 1961г. веднаш се приклучи на напорите кои ги направија голем број на земји давајќи им првична помош на жителите и учествувајќи во обновувањето на градот кој во голем дел беше разрушен.

Оттогаш постои трајна и цврста соработка меѓу нашите две општини преку која се спроведоа голем број на проекти на поле на урбанизмот, културното наследство, културата и младите. Се радувам што и во иднина ќе се проширува соработка со други европски градови како Торино и Загреб во рамки на проектот Синергис.

Поради обврски во Дижон не ќе можам да бидам со Вас на сите овие прослави. Сепак овој јубилеен ден сакам да им пренесам на вашите сограѓани и на вашите соработници поздрави од Франција, од Дижон и од неговите жители.

Ве молам да ги примете, Господине Градоначалник и драг колега, изразите на мојата висока почит.

Срдечно

Франсоа Ребсамен

Господин Коце ТРАЈАНОВСКИ
Градоначалник на град Скопје
Илинденска бб
1000 Скопје

publie le 26/07/2013

hautdepage