Во петокот на 21 февруари г. Кристијан Лекен, професор на Парискиот институт за политички науки „Sciences Po Paris“, чијшто престој беше поддржан од амбасадата на Франција, во рамките на дебатите што редовно ги организира францускиот експерт во Владата, г. Франсоа Лафон, одржа конференција на универзитетот ФОН на тема „Дали Европската унија е навистина подготвена да го прошири кругот?“.
Професорот Лекен потсети колку е значајно тековниот процес за пристапување во Европската унија, за Северна Македонија и за Албанија, да се разбере во поширок контекст на претходните проширувања на Унијата, како и еволуцијата на нејзиното функционирање и состојбата со јавното мислење во поглед на Западен Балкан и на европските институции.