Дебата околу исполнувањето на владината реформска агенда 3-6-9 [fr] [sq]

Амбасадорот учествуваше во четврток 3 мај на дебатата организирана од Институтот за демократија "Социетас Цивилис - Скопје", "ИДСЦС", во соработка со Фондацијата "Конрад Аденауер", а во врска со третиот извештај од исполнувањето на владината реформска агенда 3-6-9.

Анализите покажуваат дека има реализација на календарот на активности од 60 проценти, а дека најголем процент од неисполнетите активности отпаѓаат на системските реформски закони во делот на правосудството за чие усвојување е потребна поддршка од опозицијата.

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г-дин Бујар Османи рече дека планот 3-6-9 ја постигнал суштината и ја вратил земјата на патот кон европските и атлантските интеграции. Во оваа прилика, амбасадорот потсети дека планот 3-6-9 ја исполни својата улога како катализатор на реформската енергија, со очигледен успех, но дека усвојувањето на реформите беше забавено од политичката култура на компромис, која треба да се консолидира.

Тој, исто така, ја истакна потребата од инклузивни процеси поради прекумерната поларизација на политичките опции и за да се промовира приближувањето меѓу различните заедници во согласност со правилата и постапките за поддршка на владеењето на правото. Франција е подготвена да и помогне на Македонија да продолжи по патот кон Унијата и таму да го пронајде своето место.

publie le 09/05/2018

hautdepage