"Децентрализираната соработка е посветена на климата" [fr]

Долги години наназад, француски локални власти се борат со нивните странски партнери против климатските промени во светот. Откријте како, преку нашата селекција на 12 конкретни проекти!

JPEG

"Децентрализираната соработка е посветена на климата", претставува сведоштва и конкретни примери на активности преземени од страна на француските локални власти, на терен и во одржливи размени со нивните странски партнери.

Овие заедници дејствуваат заедно во различни области, како што се агро-екологијата, одржливиот урбан развој, отпадните води, биолошката разновидност или обновливите извори на енергија... со цел: намалување на ефектите од климатските промени или да им овозможи на луѓето да се приспособат.

Преземени се долгорочни, ефикасни и иновативни акции...

Луѓето во руралните и урбаните населени места непосредно ги трпат последиците од климатските промени. Тие се први на удар, и затоа на најдобро знаат како да се развијат соодветни решенија.

Голем број населени места во Франција (региони, општини и департмани) се вклучени во борбата против климатските промени, особено преку одржливи партнерства со странски партнери. Тоа се односи на пријателство и размена помеѓу луѓето, овде и од други места кои овозможија да се создадат проекти, уште пред неколку децении.

Благодарение на постоењето на овие размени на знаења и експертизи можевме да дојдеме до конкретни решенија за секоја територија. Благодарение на пренесувањето на знаењата низ еден партиципативен пристап, може да се изнајдат иновативни решенија.

... Со поддршка на Министерството за надворешни работи и меѓународен развој

Во 2015 година, Делегацијата за надворешни активности на локалните власти при Министерството за надворешни работи и за меѓународен развој (MAEDI) објави повик за проекти насловен како „Клима”. Тој имаше за цел: да обезбеди финансиска поддршка за проекти на заедниците во областа на борбата против климатските промени. Борбата против уништувањето на шумите, воведувањето на енергетска и дијагноза на животната средина, управување со морските области, одржливо земјоделство, свеста на младите за климатските прашања, се самом дел од тие примери.

Овој повик за проекти ја насочи и подобри мобилноста на локалните власти во поглед на климата.

Со ""Децентрализираната соработка посветена на климата", сакаме да се промовираат и поттикнуваат сите овие локални иницијативи.

Да се дејствува за климата, исто така, значи да се дејствува заедно, во партнерство, тука и таму.

Откривајте секој вторник по еден нов проект на France Diplomatie !

publie le 15/11/2015

hautdepage