Декларација за правата на жената и на граѓанката [fr] [sq]

Жена писателка и политичарка, Олимпија де Гуж се смета за пионер на феминизмот. Особено вклучена во Француската револуција, во 1791 година таа ја напиша Декларацијата за правата на жената и на граѓанката, којашто ја упатила до кралицата Марија-Антоанета, како одговор на онаа од 1789 година.

Таа се борела за еманципација на жената, за признавање на нејзиното социјално и политичко место. Таа исто така се борела за укинување на ропството. Жртва на борбата меѓу револуционерните фракции, била осудена од страна на Револуционерниот суд и била погубена на гилотина, на 3 ноември 1793 година.

Portrait d'Olympe de Gouges attribué à Alexandre Kucharski. Pastel sur parchemin, vers 1788. 45, 5 x 37, 5 cm, collection privée. /wikipedia
Son buste surmontant la déclaration des droits de la femme, salle des quatre colonnes du palais Bourbon. G. Garitan / wikimedia
Son buste surmontant la déclaration des droits de la femme, salle des quatre colonnes du palais Bourbon. G. Garitan / wikimedia

Олимпија де Гуж, Декларација за правата на Жената и Граѓанката, 1791 година


Ние, мајки, ќерки, сестри, претставнички на нацијата, бараме да бидеме примени во Националното собрание.
Имајќи го предвид незнаењето, заборавањето или непочитувањето на правата на жените кои се единствените причини за јавната беда и корупција на владата, решивме да ги дефинираме и објавиме природните, неотуѓиви и свети права на жените во свечена повелба, така што оваа Повелба ќе им биде постојано достапна на сите членови на општеството и ќе ги потсетува на нивните права и обврски: така, секое остварување на власт од страна на жените, како и од мажите ќе се мери со целта на политичките институции и со тоа истото ќе биде повеќе почитувано; да се обрне внимание и да се поддржат граѓанките кои се жалат на тешкотии при остварувањето на основните принципи што служат за зачувување на Уставот, добрите обичаи и општата благосостојба.
Оттука, посилниот пол според убавината и храброста при извршувањето на мајчинството, го признава и објавува, во присуство и под покровителство на Севишниот, следниве Права на Жената и Граѓанката.

Член прв
Жената е родена слободна и останува еднаква на мажот по сите права. Социјалните разлики може да бидат оправдани само доколку постои заедничка корист.

Член 2
Целта на сите политички здружувања е да се заштитат природните и неотуѓивите права на Жената и на Мажот. Тие права се: слобода, сопственост, безбедност, а пред сè, право на отпор против угнетувањето.

Член 3
Принципот на целата сувереност се потпира во суштина врз Нацијата, а Нацијата го претставува заедништвото на Жената и Мажот: ниту едно тело, ниту една единка што не потекнува директно од Нацијата, не може да биде на власт.

Член 4
Слободата и праведноста се состојат во враќање на сето она што му припаѓа на другиот. На овој начин, жената во остварувањето на своите природни права е спречена единствено од постојаната тиранија што ја практикува мажот. Овие ограничувања мора да бидат укинати со природните закони и здравиот разум.

Член 5
Законите на природата и разумот забрануваат каква било активност што може да му наштети на општеството. Сè што не е забрането со овие мудри и божествени закони, не смее да биде попречувано и никој не треба да биде присилен да направи нешто што не е пропишано со законите на природата и разумот.

Член 6
Законот треба да ја одразува општата волја. Сите Граѓанки и Граѓани треба да учествуваат во креирањето на законот лично или преку нивните претставници. Законот мора да биде ист за секого. Сите Граѓанки и Граѓани, кои се еднакви пред законот, мора да имаат еднакви можности да ги развијат своите таленти, способности, доблести и мора да им биде даден еднаков пристап до сите услуги и места во јавниот живот.

Член 7
Нема посебни права за жените. Тие може да бидат обвинети, уапсени и осудени на суд во случаи пропишани со закон. Жените и мажите подлежат на истиот строг закон.

Член 8
Само казни кои се стриктно и очигледно неопходни, треба да бидат пропишани со закон и никој не смее да се казнува, освен ако тоа не е со правна сила на важечки закон, воспоставен пред делото и тој законски може да се спроведува кога се жените во прашање.

Член 9
Против секоја жена која е прогласена за виновна, законот мора да се примени, а тоа е законската казна пропишана за стореното дело.

Член 10
Никој не смее да биде прогонет заради неговите мислења и ставови, дури и ако тие се фундаментални. Ако жената има право да се качи на скелето, тогаш таа мора да има исто право како и мажот да одржи јавен говор, под услов нејзините изјави и активности да се во согласност со законот и да не се меша во јавниот ред и мир.

Член 11
Слободното изразување на мислења и ставови е едно од најзначајните права на жената, бидејќи ова право го гарантира татковство на таткото на нејзините деца. Секоја Граѓанка, следејќи ги своите слободи, е слободна да каже: „Јас сум мајка на вашето дете“, без притоа некоја сурова предрасуда да ја натера да ја скрие вистината, освен ако не станува збор за злоупотреба на оваа слобода во случаи предвидени со Законот.

Член 12
Повисоките придобивки бараат гаранција за правата на жената и Граѓанката. Оваа гаранција треба да послужи како предност на сите, а не како лична предност за оние на коишто им е доверена.

Член 13
Даноците за одржување на полицијата и административните трошоци се исти и за мажот и за жената. Ако жената учествува во намирувањето на сите обврски и трошоци, тогаш таа мора да учествува и во поделбата на позициите во управните тела, во поделбата на профитот како и во поделбата на трудот.

Член 14
Граѓанките и Граѓаните имаат право да одлучуваат, независно или преку нивните претставници, за потребата од воведување јавни даноци. Граѓанките може да се посветат на принципот на плаќање данок на сопствениот имот само кога имаат удел во јавната администрација и кога исто така учествуваат во дел од данокот на трошење, односно кога и тие учествувале во одлучување за висината на данокот, неговата употреба и времетраењето.

Член 15
Женската популација, која плаќа даноци на државата исто колку и машката популација, има право да бара од која било државна јавна установа во секое време деловен извештај.

Член 16
Општество во кое остварувањето на правата не е загарантирано и каде нема одвојување на власта, нема ниту важечки Устав. Уставот не важи доколку повеќето лица што ја претставуваат Нацијата не учествувале во неговото создавање.

Член 17
Имотот му припаѓа на секој пол, заедно или одвоено. Секој човек има право на сопственост, освен ако не се работи за јавен интерес, кој мора да биде предвиден со закон и под услов претходно да се установи правичен надоместок.

=====

Stratégie internationale égalité hommes femmes / Ministère de l’Europe et des Affaires étrangères

Télécharger la « Stratégie internationale de la France pour l’égalité entre les femmes et les hommes(2018-2022) » dans son intégralité (en français, fichier pdf de 428 Ko)

publie le 08/03/2020

hautdepage