Денот на Европа : Претставување на Франција

По повод претстојното празнување на Денот на Европа, 9-ти мај, македонската Влада ја покани Франција да ја започне серијата на јавни презентации на земјите членки на Европската Унија.

JPEG

Настанот се случи во сабота, на 16-ти април во инфо-центарот на Секретаријатот за европски прашања во Скопје во присуство на Г-н Васко Наумовски, Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања и на Амбасадорот Жан-Клод Шлумберже.

По тој повод, Франција беше претставена во своите различни аспекти : културни, универзитетски, туристички и особено кулинарски.

Амбасадорот му подарува на Заменикот на Претседателот на Владата книги за Франција и за регионот на Долна Нормандија.
JPEG - 167.6 ko
Виното од Алзас ја има честа.

publie le 03/04/2012

hautdepage