Денот на професорите по француски јазик [fr] [sq]

На 28 ноември 2019 година го одбележуваме Денот на професорите по француски јазик: честитки и благодарност до сите нив што својата мотивација и вештини ги ставаат во служба на унапредувањето на францускиот јазик. Според насоките дадени од Претседателот на Република Франција, овој ден е посветен на големото семејство наставници по француски јазик како странски, во рамките на Франкофонијата како институција и простор во развој.

За време на нејзината посета на Северна Македонија, министерката за европски прашања, г-ѓа Натали Лоазо, на 26 февруари го потпиша заедно со г-дин Арбр Адеми, министер за образование, Договорот за доделување официјален статус на двојазичните франкофонски паралелки во средните училишта во земјата. Да потсетиме во оваа пригода дека Република Северна Македонија е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата.

publie le 02/12/2019

hautdepage