Денот посветен на високотехнолошките придобивки и француската умешност [fr] [sq]

На 19 јуни, амбасадорот го отвори заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, г. Зоран Китанов, првото издание на денот посветен на високотехнолошките придобивки и француската умешност во областа на патната инфраструктура.

Настанот што се одржа во седиштето на Јавното претпријатие за државни патишта и на којшто учествуваа педесетина француски и македонски експерти од оваа област, меѓу кои и претставници на француските компании „Freyssinet“, „Sixense“, „Selenizza“ и „Egis“, е дел од новата Француска стратегија за Западен Балкан.

publie le 22/06/2019

hautdepage