"Дестинација франкофонија" снимаше емисија за летниот универзитет во Струга [fr] [sq]

На регионалниот летен универзитет во Струга, секоја година учествуваат професори од Балканот и од Југоисточна Европа кои предаваат француски и професори кои предаваат други наставни предмети на француски.

Негова главна цел е да се промовира францускиот јазик, да се афирмира неговото место во образовните системи на земјите од каде што доаѓаат професорите, ним да им се обезбеди континуирана обука и да се продлабочи нивната меѓусебна соработка.
„Овие професори се вистински мисионери на Франкофонијата. Ним францускиот јазик им е во срцето! Нив ги води желбата да ги пренесат вредностите на Франкофонијата, кои во суштина се вредности на слободата. Франкофонијата исто така ги поврзува луѓето, а тоа чувство доаѓа од срцето!“, заклучува амбасадорот во интервјуто за емисијата „Дестинација Франкофонија“ на ТV5monde.

Емисијата беше снимена на 4 јули по повод дваесеттото издание на овој летен универзитет, кој со текот на годините прерасна во клучен настан од областа на Франкофонијата на Балканот, во срцето на Македонија, којашто од 2006 година е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата.

publie le 02/10/2018

hautdepage